ФУДБАЛ

Истанбул втор пат по ред ја загуби организацијата на финалето од ЛШ

Градот Истанбул, втор пат по ред, поради корона вирусот, ја загуби организацијата на финалето од Лигата на шампионите. По победата на Челзи во Порто, како надоместок, турскиот град ќе го организира Суперкупот помеѓу лондонскиот тим и Вилјареал, додека во 2023 година ќе го организира финалето во Лигата на шампионите. Веста ја пласираше министерот за млади и спорт на Турција, Мехмет Касапоглу, нагласувајќи дека Суперкупот на Европа во 2021 година ќе биде организиран во Турција, а две години подоцна и финалето во Лигата на шампионите. Имено, Минхен треба да биде домаќин на финалето во 2024 година, а една година подоцна, финалето ќе треба да се одржи во Белфаст. УЕФА не даде зелено светло за новите измени, додека останува Белфаст да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button