ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истите пратеници кои ја изгласаа Владата, попладнево ѝ изгласаа и доверба

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за доверба докажана повторно со 62 гласа за Владата, постапка која ја побара премиерот Заев. За време на гласањето, опозицијата не беше присутна во салата.

62 гласа За. Кој е против? Против нема. Кој е воздржан? Нема воздржани.

Пред гласањето, Заев изјави дека гласањето за доверба има за цел да ги побие тврдењата на македонската опозиција предводена од Христијан Мицкоски дека има мнозинство што ќе ја собори Владата.

Претходно, опозицијата го обвини премиерот дека побарал гласање на доверба без дискусија, избегнувајќи дебата за реалните проблеми на граѓаните.

„Владата се обидува да ги прикрие сите злоупотреби што се случија во текот на овие месеци. Да не зборуваме за корупција, за образованието, особено албанското, да не зборуваме за недостигот на инвестиции за 2021 година во албанските населени места. Да го потсетиме премиерот, пратениците од мнозинството дека Албанците се оние на кои им е повредено уставното законско право на протест.“

Уставот на С. Македонија поставува временски рок од 90 дена помеѓу две гласања на доверба, со исклучок ако таква процедура побараат директно 61 пратеник со свој потпис. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски веќе неколку недели најавува ново парламентарно мнозинство, за кое вели дека ќе ја собори сегашната влада. Сепак, Мицкоски сè уште не открил со кои парламентарни партии е во преговори, но тврдеше дека јавноста ќе биде изненадена од уривањето на Владата. Во моментов, парламентарното мнозинство се состои од Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, потоа од ДУИ и ДПА. Но, пред неколку денови од парламентарната група на СДСМ се одвоија двајца пратеници на Либерално-демократската партија, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button