ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историчарите остро ги критикуваат ставовите на Заев

Историчарите се револтирани од интервјуто на премиерот Зоран Заев. Наташа Котлар вели дека тезите на премиерот Заев се апсурдни и се косат со наједноставната дефиниција за идентитетот. Таа вели дека политичките проблеми треба да ги решаваат политичарите, но дека идентитетот има научен и антрополошки аспект, за кој ниту премиерот, ниту кој било друг политички или духовен водач, немаат право да зборуваат.

Комуникологот марко Трошановски вели дека ставовите на двете страни во преговорите не треба да бидат јавно објавени. Но, додава дека интервјуто на Заев има за цел да ја подобри климата меѓу двете земји.

Шефот на македонската страна во Заедничката комисија на историчари, Драги Ѓорѓиев, одби да ги коментира изјавите на Заев, велејќи дека премиерот не ја спомнал Комисијата, туку ги искажа своите лични ставови за одредени историски прашања. Ѓорѓиев, сепак смета дека за историја треба да дискутираат историчарите, додека должност на политичарите е да создадат вистински простор за нив.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button