ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спореведување истражна постапка против две лицаза директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија кој се сомничи за примање поткуп и проневера во службата и за сопственик и управител на правно за кој постои сомневање за давање поткуп.

Поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците во постапката, пред се вработени во Службата за општи и заеднички работи кои допрва треба да бидат испитани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.

За второосомничениот Обвинителството предлага мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница или забрана за нејзино издавање, како и забрана да остварува каков било контакт со другиот обвинет во текот на постапката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button