Истрагата за палањето на луксузното ауди на пријателот на Груби, тапка во место
Истрагата за палањето на луксузното ауди на пријателот на Груби, тапка во место

Помина повеќе од една година и се уште нема епилог од случајот со палењето на луксузниот автомобил „ауди“ што го користел поранешниот вицепремиер Артан Груби, а кој бил во сопственост на неговиот сосед. Сторителите на палењето се уште не се откриени, додека од Обвинителството молчат на прашањата на Алсат во врска со истрагата.
Од обвинителството не даваат објаснувања дали го истражувале и прашањето за сопственоста и набавката на луксузното возило.
Опожарениот автомобил, кој бил опремен со флешери, според првичните изјави на Груби, му припаѓал на успешен бизнисмен, кој му бил за пријател и му го давал возилото да го користи за приватни потреби. Груби објасни дека нема друг автомобил, освен цитроенот на татко му, кој чини 1.000 евра, додека одвреме-навреме ги користи автомобилите на браќата и пријателите.
Груби го користел и возилото кое во МВР е регистрирано на име на лицето Беким Лимани, сопственик на фирмата „Еуро ком лајтинг“, кое според истражувањето на „360 степени“, иако со еден вработен, компанијата имала обрт од 4,2 милиони евра.
За ова имаше остри реакции во јавноста обвинувајќи го Груби за прикривање богатство, а ВМРО-ДПМНЕ побара Обвинителството да го гони и вицепремиерот за даночно прикривање и злоупотреба на службената должност.
Според прелиминарните изјави на Обвинителството, Државната комисија за спречување на корупцијата е надлежна за проверка на податоците во анкетните листови и доколку од проверките произлезат елементи на какво било кривично дело,кое се гони по службена должност, Обвинителството ќе постапи во согласност со своите законски овластувања . Но, Антикорупциска тврдеше дека во отсуство на закон за потекло на имотот, не можат да отворат постапка бидејќи возилото е на име на друго лице./Alsat.mk
Суад Бајрами