СПОРТФУДБАЛ

Италија на чекор до нов светски рекорд

И покрај ремито 1-1 против Бугарија, репрезентацијата на Италија останува на првото место во квалификациската група за Светското првенство „Катар 2022“, потврдувајќи светски рекорд. Синоќешниот натпревар беше 35-ти по ред што „азурите“ не го загубиле, со што се изедначија со рекордот што го држеше Бразил со 35 натпревари без загуба во периодот 1993-1996 година, колку што имаше и Шпанија во периодот 2007-2009 година. Италија нема пораз од 2018 година, што значи дека поминаа три години од нивниот последен пораз. Во меѓувреме, УЕФА денеска потврди дека финалето на Европското првенство во Лондон, помеѓу Италија и Англија, го гледале 328 милиони гледачи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button