СВЕТ

Италија одобри трета доза од вакцините против ковид за лицата со слаб имунитет

Италијанската агенција за лекови (АИФА) одобри употреба на трета доза од вакцините против коронавирусот за граѓаните од ранливите категории, како лица со слаб имунитет.

Агенцијата одобри таканаречена засилувачка доза за оние што ќе создадоа послаба заштита од двете дози, како што се луѓето со ослабен имунитет и лицата над 80 години.

Третата доза е одобрена и за здравствените работници кои често се изложени на вирусот.

Третата доза треба да се даде најмалку шест месеци по втората доза за сите групи, освен имунокомпромитираните на кои треба да им се даде по 28 дена, како што препорача АИФА.

Одобрувањето сега ќе биде проследено до Министерството за здравство, кое треба да го потврди во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button