СПОРТ

Италијански медиуми – Лучијано Спалети е нов тренер на Наполи

Според медиумите во Италија, Лучијано Спалети е нов тренер на Наполи, додека Симоне Инзаги ќе седне на клупата на шампионскиот тим на Италија, Интер.  Според „Скај спорт Италија“, Спалети потпишал двегодишен договор во куќата на семејството Де Лаурентис, кое е сопственик на тимот на Наполи. Според италијанските медиуми, новиот тренер ќе добива 2,7 милиони евра годишно. Според познатиот италијански новинар кој добро го познава пазарот во Серија А, Фабрицио Романи, нов тренер на Интер ќе биде Симоне Инзаги, кој ќе потпише договор до јуни 2023 година. Во следните денови се очекува и двајцата тренери да бидат официјално претставени од нивните клубови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button