ВЕСТИСВЕТ

Италијанците предупредени: Денеска и утре останете во затворено!

Италијанската цивилна заштита ги предупреди жителите на регионите Умбрија, Лацио, Абруцо, Молизе, Кампанија, Базиликата, Апулија, Калабрија, Сицилија и Сардинија да останат „во затворени простории“ ноќта помеѓу 8 и 9 мај бидејќи постои можност остатоците од кинеските сателити, кои паѓаат на Земјата без контрола, да завршат во некои од тие италијански региони.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курк, кого го пренесува агенцијата Анса, постои мала веројатност делови од сателитот, дури и да паднат, да ги оштетат зградите, но на граѓаните им се препорачува да останат зад затворени врати за секој случај.

Како што веќе беше најавено, остатоците од кинескиот сателит, кој е во орбита без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според кинеските експерти, некаде во морето, но постои и мала веројатност тие да завршат таму каде што не се очекува.

Ракетата „Лонг марч 5Б“ беше лансирана минатата недела и таа е втора ракета од тој тип што беше лансирана во вселената од мај минатата година.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button