РЕГИОН

ИТН на Трифонов официјално потврди: Ќе предложиме влада

Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Труфонов и официјално потврди дека ќе предложи состав за нова влада на Бугарија. Мандатарот Пламен Николов ќе му го врачи предлогот на претседателот Румен Радев во 17 часот (16 часот по македонско време), кога ѝ истекува рокот.

Информацијата во изјава за медиумите ја потврди Николов.

Потоа процедурата налага Радев предлогот да го достави до парламентот за гласање. Седницата на која ќе се гласа, како што пишуваат бугарските медиуми, ќе се одржи во текот на наредната недела.

Доколку предложената влада не добие поддршка, тогаш претседателот ќе треба да го врачи мандатот на втората партија според бројот на пратенички мандати, а тоа е ГЕРБ на Бојко Борисов, кој веќе изјави дека ќе го врати мандатот односно нема да се обиде да состави влада.

Додека од останатите две партии кои произлегоа од протестите заедно со ИТН – „Демократска Бугарија“ и „Исправи се“, засега нема потврда дека ќе ја поддржат предложената влада, се чини дека партијата на Трифонов е блиску до договор со третиот потенцијален партнер, Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button