ВЕСТИРЕГИОН

ИТН на Трифонов остана без уште еден пратеник: Каков е распоредот на силите во парламентот

Партијата Има таков народ на Слави Трифонов остана без уште еден пратеник. Кирил Симеонов од собраниската говорница во бугарскиот парламент објави дека излегува од неговата досегашната партија.

Неговата партија излезе од владината коалиција, а вчера со нејзина помош опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба му изгласаа недоверба на досегашниот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, и го сменија од функцијата.

Симеонов во емотивниот говор рече дека му е срам што вчера гласал заедно со ГЕРБ и ДПС.Пратеникот Симеонов е шестиот пратеник што излегува од пратеничката група на ИТН која броеше 25.

Утрово пратеничката од оваа партија, Ива Митева, рече дека се шпекулира оти и други нејзини сопартијци ќе го направат истото.

Со излегувањето на оваа партија од власта во актуелната бугарска влада остана три коалициски партнери: Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Демократска Бугарија. Тие во парламентот заедно имаат 109 пратеници.

За апсолутно мнозинство, кон кое тие целат, им се потребни 121 пратеник, со оглед на тоа дека Народното собрание брои 240 члена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button