
Поранешниот хрватски репрезентативец и член на златната генерација на Вардар од 2017 и 2019, Иван Чупиќ, е нов тренер на Вардар 1961. Тој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, а претходно работеше како тренер во Метковиќ.
“Bардар за мене е втор дом. Голем клуб, поголем од сите нас. Целта ми е да ја вратиме титулата таму каде што ѝ е местото – изјави Чупиќ, кој додаде дека е задоволен од засилувањата што ги договорил клубот претходно и дека нема потреба од нови имиња.
Foto: SPort1.mk