СПОРТ

Ивановски, во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, се пласира во полуфиналето на фјучерс-турнирот во Скопје, откако денеска воопшто не излезе на теренот поради откажувањето на неговиот противник, Мирза Башиќ.

Босанецот има повреда на мускулот на ногата, која го спречи да му излезе на мегдан на нашиот прв рекет. Тој вчера го предаде и мечот во двојки со Зекиќ, а претпладнево беше и на медицински третман, но повредата не му дозволи настап.

Ивановски утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Миљан Зекиќ и Ерги Киркин. /Sport1/

FOTO: Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button