ВЕСТИРЕГИОН

Изборите во Бугарија под лупа на ЕУ

Брисел внимателно го следи изборниот процес во Бугарија поради неговиот потенцијален ефект врз дебатата за проширување на ЕУ. Ова го пишува бриселскиот портал „Политико“, во веста дека на 14 ноември во Бугарија ќе има нови, „два во еден“ избори – парламентарни и претседателски.

„Од ноември 2020 година, Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство на својот сосед, Република Северна Македонија (РСМ), поради спорови околу историјата и јазикот“, пишува порталот.

Во текстот се наведува дека заинтересираноста за проширување на Унијата опаѓа во многу земји, како Франција и Холандија.

Во нацрт-декларацијата за Самитот за Западен Балкан, која се појави минатата недела, а до која имале пристап новинари на „Политико“, дури не се споменува зборот „проширување“.

Самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан ќе се одржи на 6 октомври во Брдо, Словенија, но дипломатите се скептични за каква било промена во линијата на Бугарија пред изборите.

На состанокот на постојаните претставници на земјите членки минатата недела, некои од нив се пожалија дека посветеноста на ЕУ кон регионот не е доволно јасна во документот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button