
Масар Омерагиќ доби едногласна доверба со акламација да го води македонскиот фудбал во следните четири години на денешното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.
На собранието беше избран и Управниот одборна фудбалската федерација на Македонија кој ќе брои четиринаесет лица.
Во следните четири години членови на Управниот одбор на фудбалската федерација на Македонија ќе бидат: Златко Талевски, Светозар Станковски, Берат Исмаили, Сашко Тасев, Игор Франговски, Станко Манчевски, Добре Иванов, Борче Лазаревски, Абдула Сакипи, Марјанчо Стојковски, Горан Гаврилов, Ѓорѓи Угриновски, Џевад Ибрани и Димитар Џонов.
На предлог на престедателот Омерагиќ се додадени и имињата на: Агим Ибраими, Дарко Костовски и Владимир Гаштевски.
Управниот Одбор даде зелено светло за избор на 2 потпреседатели: Марјанчо Стојкоски и Џевад Дибрани.