ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Издржете ја маглата уште денеска, од утре подобро

Новинар: Игор Стефановски

Скопје никако да се симне од врвот на најзагадени градови во светот. Денеска метрополата се најде на второ место како еден најзагадените градови на глобално ниво.

„Скопје, од Водно речиси и да не се гледа. Но, оваа слика не е нов момент за скопјани, бидејќи проблемот со загадувањето кој тлее со години, никако да се реши“.

Граѓаните се качија на планина, дел рекреативно, дел да избегаат од загаденоста.
Дали дојдовте на планина за спас од загадениот воздух или рекреативно? – „Па, за спас, но тешко и овде нема спас. Уште е матно, горе на врвот е уште поматно, така што белки овде е малку почисто оти е повисоко“.

„Рекреативно“.

А, загадувањето го чувствувате ли?

„Го чувствуваме, да. – На планина, како е? – Па малце е почисто, ама и тука се чувствува“.

„Рекреативно. – Загадувањето го чувствувате, ли? – Па, има да. – Тука на Водно помалку се чувствува? – Па, тука да. – Опција ли е да се бега да се бега од загадениот воздух или властите да преземат конкретни мерки? – Е, па, што и да се преземе, дефинитивно планината е спас, како и да не се расчисти градов, планината е спас“.

Граѓаните бараат од властите, без разлика од која политичка опција доаѓаат, да најдат конечно решавање на проблемот со аерозагадувањето.

„Властите се менуваат, годините минуваат. Мора да има долгорочен план, јас инаку сум лекар и да се продолжува секоја наредна власт да го надградува тоа, а не ова. Ова е хаос и катастрофа. Сè полошо и полошо“.

„Секако треба нешто да се преземе, со бегањето ништо нема да направиме, тоа е. – А, преземаат доволно? – Па, се надевам дека да, но очигледно дека не“.

„Треба целосно превоспитување на населението, ама тоа иде некако бавно. Инаку, треба од Владата, општо од државата, поголеми инвестиции да има, да се подолгорочни – е сега, ќе видиме како ќе биде“.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве нè очекува почист воздух. Ќе дува ветер, кој од вторник ќе биде засилен. Од вечерва доаѓаат и врнежи кои на повисоките места ќе бидат од снег. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button