ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изет Меџити се повлече од шеф на пратеничката група на ДУИ

Изет Меџити повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието. Веста ја објави на својот фејсбук профил велејќи дека за оставката го информирал и претседателот на законодавниот дом Талат Џафери. Меџити ја потврди оставката за Алсат но не сакаше да ја коментира. Според објавениот статус, Меџити наведува дека во моментов има случувања кои не одат во прилог на ДУИ.

„Во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на неговото основање, има случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседателот г-ин Али Ахмети, но и заради несоздавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.“

Меџити потенцира дека и натаму ќе ги поддржува политиките на ДУИ. Алсат ги побара вицепремиерот Артан Груби, за чие именување на таа позиција Меџити имаше забелешки, а најави и интерпелација, но и од шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој е и портпарол на ДУИ. Одговор засега не добивме. Повлекувањето на Меџити следува по внатрепартиската средба во ДУИ кон крајот на минатиот месец кога Ахмети изјави дека биле надминати сите несогласувања.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button