ВЕСТИРЕГИОН

Изгорени повеќе од 20 јахти во пожар во пристаништето во Медулин

Повеќе од 20 јахти се изгорени во пожар во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје.

Пожарот, како што пренесуваат хрватските медиуми, избувнал утринава во 03:55 часот. Еден час подоцна се слушнале и неколку експлозии, а пожарот се ширел од една на друга јахта.

Засега нема информации за жртви од пожарот, а се претпоставува дека бројот на изгорени јахти на крајот ќе биде уште поголем.

„Полицијата околу 03:55 часот добила дојава за пожар во марината во Медулин. Според информациите од терен, од пожарот биле зафатени околу 20 пловни објекти. Гаснењето се уште трае. Кога пожарникарите ќе го изгаснат пожарот, полициските службеници ќе спроведат истрага за да се утврдат причините за пожарот“, вели Сузана Сокач, портпарол на истарската полиција, пренесува ХРТ.

Во гаснењето на пожарот, како што пренесува порталот „Истра 24“, интервенирале девет пожарникари со четири возила од противпожарната служба во Пула.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button