МАКЕДОНИЈА

Изгорениот автобус пренесен во поранешна касарна во Перник

Изгорениот автобус, кој во вторникот вечерта беше извлечен од автопатот Струма, е однесен во дворот на поранешна воена касарна во Перник, јавува бугарската телевизија „Нова“, објавувајќи фотографија од локацијата.

Делницата од автопатот во насока кон Дупница останува затворена уште најмалку 1-2 дена, изјави градоначалникот на рударскиот град, Станислав Владимиров, пренесува „Нова“.

Во вчерашната трагедија на автобусот на „Беса Транс“ загинаа 45 луѓе, а 7-мина ја преживеаја несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button