
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, потврди денеска американски официјален претставник. Договорот претходно беше објавен од извор информиран за разговорите во Катар, а поздравен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Трамп изјави дека постои договор за заложниците кои ги држи радикалната палестинска група Хамас во Појасот Газа.
„Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток, тие наскоро ќе бидат ослободени“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.