МАКЕДОНИЈА

Изречени 259 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.

Од нив, четири возилa се движелe со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 со брзина над 50 километри на час над дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button