ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изречени 368 санкции за неносење маска
На територијата на државата последново деноноќие регистрирани се 368 прекршоци на мерката за неносење лична заштита на лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Казната за овој прекршок е 20 евра.