ВЕСТИРЕГИОН

Изутринава уште два нови силни земјотреси кај Петриња

Не престанува да се тресе тлото кај Петриња. Централна Хрватска, рано утрово беше погодена од два нови силни земјотреси со епицентар во областа Петриња, со интензитет од 4,6 и 4,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот во 6.15 часот беше со интензитет од 4,6 степени, а малку подоцна и нов од 4,8 степени со епицентар во областа Петриња.

По вчерашниот потрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во Петриња се почувствуваа серија послаби земјотреси. Во вчерашниот земјотрес животот го загубија седум лица. Предизвикана е огромна материјална штета, а во Петриња речиси нема објект којшто не е оштетен од разорниот земјотрес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button