КОШАРКАСПОРТ

Извлечена е ждрепката во домашното елитно кошаркарско првенство

Во седиштето на Кошаркарската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за новата сезона во Првата кошаркарска лига. Прво беа извлечени редните броеви на 12 -те екипи учеснички, а потоа беа одредени паровите од првата рунда. Во првото коло, според Бергеровиот систем, ќе биде големиот меч помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје, а Работнички ќе гостува кај вториот тим од населбата „Аеродром“, МЗТ Скопје Унибанка. Гостивар ќе игра на гости против Еуро Никел 2005, а Куманово, Феникс и Кожув, ги пречекуваат екипите на Ангели, ФМП и ТФТ. Првото коло во домашната кошаркарка ќе се одигра на 2 и 3 октомври.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button