СПОРТ

Извлечена жрепката за осмина финалето на Купот на Македонија

Денеска во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена жрепката за осмина финалето на Купот на Македонија. Актуелниот шампион, Шкендија, на пат до вториот трофеј во домашниот фудбал, ќе ја пречека Ренова во големото дерби во Тетово. Средбата меѓу Вардар и Скопје ќе биде многу интересна, како и онаа помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, што е повторување на финалето од 2019 година. Во меѓувреме, Шкуп и Струга Трим Лум на домашен терен ќе се соочат со Тиквеш и Борец. Натпреварите ќе се играат на 20 октомври. Се игра само еден натпревар, а доколку нема победник во регуларните 90 минути, победникот се одредува на пенали.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
Шкендија – Ренова
Вардар – Скопје
Струга Трим Лум – Борец
Брегалница – Охрид
Беласица – Силекс
Пелистер – Работнички
Шкупи- Тиквеш

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button