ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јанко Бачев и ЛЕВИЦА „крчкаат“ бојкот на пописот

Националниот блок „Не отворам врата“ до Собранието поднесе барање за поништување на Законот за попис на населението. Тие бараат по нивното барање да се постапи итно со образложение дека не треба да има попис во време на пандемија. Другата забелешка на овој блок е можноста на попишување на отсутни граѓани од страна на нивни роднини.

Друга кампања против пописот води и Левица. Партијата на Апасиев бара пописот да се одложи за април 2022 година.

И ВМРО-ДПМНЕ е против попис на населението во овој период. Партијата на Мицкоски веќе ги достави до Собранието собраните 100 илјади граѓански потписи. Од Државниот завод за статистика велат дека со зелено светло од Комисијата за заразни болести, пописот може да продолжи без никакви пречки. Инаку, преку он-лајн апликацијата досега се попишале над 45 илјади лица од дијаспората, чиј попис почна на 1 март и ќе заврши на 21 април, кога би требало да заврши целиот пописен процес.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button