ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз во Скопје вози кон колапс

Во знак на протест, приватните превозници извадија дел од своите автобуси пред канцелариите на Град Скопје. Го паркираа дури и автобусот со кој градоначалничката Данела Арсовска водеше кампања за бесплатен превоз за време на предизборната кампања. Превозниците бараат Арсовска да прифати средба со нив, бидејќи според нив, секретарот Зоран Глигоров погрешно ги информирал за состојбата со долговите. Од „Слобода превоз“ велат дека по 32 години работа во јавниот превоз, дошле на работ на егзистенција.

Од „Макекспрес транс“ велат дека не можат да прифатат раскинување на договорите од страна на Град Скопје, а долговите веќе подолго време не се платени и постојано се зголемуваат.

„Не можеме да го прифатиме. Бараме од градоначалничката да ја разгледа оваа одлука и да го повлече договорот. Немаме друг излез, тоа ни беше единствената егзистенција. Ќе одиме до крај, со штрајкови и протести, со сè. На секаков начин ќе бараме остварување на нашите права бидејќи сметаме дека ова ни се врши неправедно“, вели Исен Халили, приватен превозник „Макекспрес транс“.

Приватните превозници слушнале информации дека градоначалничката Арсовска е влезена во игра да ги замени сегашните транспортери со други.

Транспортерите велат дека не бараат веднаш да им се исплати целиот долг од над 1,5 милиони евра од Град Скопје, туку постепено, за да имаат пари за нафта и да плаќаат долгови на бензинските пумпи и за земените кредити за автобуси. Велат дека ако Арсовска не проба да најде решение, тогаш ќе останат без работа 221 приватен превозник. Најавуваат дека ќе се борат до крај за своите права.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button