ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана

Јотова: Ситуацијата со Македонија е комплицирана

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова вели дека ситуацијата со Македонија е комплицирана и според неа, секој што мисли дека работата е завршена веројатно е наивен. Во гостувањето на БНТ, Јотова истакна дека вистинската реализација на постигнатото решение ќе започне наесен.

„Во лето не работат европските институции, но од есен ќе почне процесот. Отсега ќе има неколку инспекции од Европската комисија, неколку извештаи од евалуацијата на Советот, каде Бугарија ќе мора секој пат да потсетува на својот став“, вели заменичката на Радев, прашана за евроинтеграцијата на Македонија.

Таа очекува во претстојниот период Европската комисија и земјите во Советот да бидат внимателни и да не дозволат „работата“ да се врати на почетните позиции. Јотова им се заблагодари на француските власти што го сфатиле бугарскиот став – за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава, како што вели, пред вистинскиот почеток на преговорите./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button