ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовески ја чека Вилма да се врати од одмор за случајот со Арафат Муареми

Јовески ја чека Вилма да се врати од одмор за случајот со Арафат Муареми

Ако се утврдат намерни неправилности или пропусти при претресот во Управата за финансиска полиција, републичкиот обвинител Љубомир Јовески ќе бара одговорност. بلاك جاك اون لاين Тој, во интервју за неделникот „Фокус“, кажа дека ќе почека шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска да се врати од одмор, па да му ги достави неопходните информации за деталите од претресот над директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми.

„Очекувам дека ќе постапи по задолжението, а доколку тоа не се случи и не ја достави целосната барана информација, јас како јавен обвинител ќе ги преземам сите неопходни чекори за утврдување на релевантните факти за евентуалната одговорност на јавните обвинители. Нагласувам дека незаконско постапување нема да толерирам! موقع 365 سبورت “, изјави Љубомир Јовески – републички јавен обвинител. لعبة بوكر

Јовески, за разлика од Русковска која побара тој да не ѝ се меша во предметите, вели дека согласно Законот за јавно обвинителство, има право да врши надзор над постапката.

„Член 28 став 2 пропишува дека надзор над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција врши Јавното обвинителство на РСМ. За какво мешање тука може да стане збор, кога е строго постапувано по закон. Сакам да укажам дека како јавен обвинител на РСМ нема да дозволам непочитување на постапките“, рече Љубомир Јовески – републички јавен обвинител.

Јовески за во септември најави и целосен надзор над работата на Обвинителството за гонење организиран криминал, а што се однесува до самиот претрес во Управата, тој повтори дека обвинителките не биле надлежни да постапуваат по пријавата за лица со полициски овластувања и пред судот погрешно презентирале податоци со цел да им биде одобрено барањето за претрес.

Инаку, Русковска, по добиена анонимна кривична пријава против Муареми, од Управата ги барала сите пријави од 2018 година па наваму за кои Финансиската полиција не постапувала. Сепак, доколку се утврди дека незаконски го извршила претресот, ништо од вака добиените евентуални докази против Муареми не би можела да ги искористи.
„Доколку определени докази се обезбедени на незаконит начин, тие треба да се отстранат од списите“, нагласи Љубомир Јовески – републички јавен обвинител.

Претходно, Арафат Муареми поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба“ и „фалсификување службена исправа“ против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а пријавата ја заснова на извештајот што го спроведе токму Обвинителството на Јовески. Муареми поднесе претставка и до Советот на јавни обвинители, кои се очекува да заседаваат по летните одмори.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button