ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЈСП: Во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат, изменет режим на повеќе линии

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека денеска, во период од 10 до 12 часот, во случај на блокада на раскрсницата кај Дом на печат, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:

Линии 3, 3А, 3Б, 50 и 50А

  • Во насока од Рекорд кон Дом на печат, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе вртат лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама
  • Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар,  ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линии 23, 27, 33, 41А, 43, 44 и 57А

  • Во насока од Рекорд кон Клинички центар, на раскрсницата на улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжуваат право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќаат назад на постојката кај АМСМ, таа ќе биде почетно/крајна постојка за овие линии
  • Во обратна насока, од постојката кај АМСМ по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кон Рекорд и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси

Линија 5

  • Во насока од Рекорд кон Козле, на раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, десно по улица „Васил Ѓоргов“ и ќе продолжува до Козле
  • Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса

Линија 5 А

  • Во насока на Клинички центар, на кружниот тек кај Католичка црква ќе се враќа назад и почетно/крајна постојка ќе биде на првата постојка према Ѓорче Петров

Линија 9

  • Во насока на Клинички центар, по постојката кај Југодрво ќе врти десно на улица „11 Октомври“ до Рекорд, кај раскрсницата помеѓу улица „Димитрие Чуповски“ и булевар „Климент Охридски“ ќе продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, кај Треска ќе врти лево по улица „Франклин Рузвелт“, па лево по улица „Васил Ѓоргов“, десно по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар
  • Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button