СПОРТ

Јувентус го обезбеди првото засилување?

Медиумите во Италија јавуваат дека Јувентус го обезбеди првото засилување во јануарскиот преоден рок. Според весникот „Тутоспорт“, кој е познат по својата блискост со Јувентус, „Старата дама“ го обезбедила играчот за врска на Џенова, Николо Ровела. „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус и Џенова постигнале договор за трансфер на Ровела за сума од пет милиони евра. Ровела ќе потпише четиригодишен договор со „бјанконерите“, додека официјализацијата на 19-годишникот се очекува да се случи во понеделник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button