РАКОМЕТСПОРТ

Кадетите против Грција, Финска и Луксембург во битката за ЕП 2026

Во седиштето на Европската ракометна репрезентација денеска беа извлечени групите за квалификациите за кадетското Европско првенство во 2026 година.

Advertisements

Македонија за пласман на првенството на кое Србија ќе биде домаќин ќе игра против: Грција, Финска и Луксембург.

Квалификациите ќе се одиграат во три дена од 31 октомври до 2 ноември и место на Европското првенство ќе обезбедата првите и вторите репрезентации од петте групи. Дополнително ќе биде одредено каде ќе се одржуваат квалификациските турнири.

Европското првенство е закажано за од 8 до 17 јули во 2026./Sport1.mk/

Фото: РФМ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button