КОШАРКАСПОРТ

Kадетска репрезентација ги дозна противниците за групната фаза

Машката кадетска кошаркарска репрезентација ги дозна противниците за групната фаза на елитното ЕП 2023, кое летово ќе се одржи во Скопје и за противници доби два ептен реномирани ривали како и тим кој лани избори промоција од Б-дивизијата.

Жолто-црвените добија шанса да ги одмерат силите со актуелниот првак во оваа конкуренција, селекцијата на Литванија, како и против Франција, бронзената репрезентација на ланското првенство. Трет конкурент на нашиот избран тим ќе биде Белгија.

Скопје вторпат во низа ќе бидат домаќини на Европско првенство за кошаркари до 16 години, кое ќе се одржи во периодот од 5 до 13 август./Sport1/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button