Првиот состанок е секогаш стресен. Психолозите велат дека тоа е така бидејќи вклучува усогласување на два психолошки пориви: некој ни се допаѓа и затоа имаме потреба да му се отвориме, но стравот од одбивање е сосема оправдан поради лошите искуства и не ни дозволува да го спуштиме ѕидот.
Поради тоа сме притиснати помеѓу тоа што ни го кажува срцето и она што ни го советува главата.
Се прашувате како да се извлечете од оваа ситуација? Постојат неколку мали трикови…
# Да живее самоафирмацијата…самоафирмацијата се всушност реченици со кои сами себе се потсетуваме на своите квалитети и предности.
“Духовита и забавна сум“, “топла и пожртвувана личност сум“, или “имам прекрасни нозе, секси глас“ и слично.
Самоафирмациите не мора да се однесуваат само на карактерни особини кои сметате дека ги поседувате туку и на физичките атрибути за кои сте горди. Сите овие позитивни мисли треба да ги изговарате пред самиот состанок за да ви останат свежи во главата.
# Имајте на ум дека не ве фаќа паника само вас…иако мажите сакаат да остават впечаток дека се 100% сигурни во себе, тоа не е баш така.
Сите одиме на состанок размислувајќи дали ќе и се допаднеме на другата страна. Тоа не носи кон следниот совет…
# Наместо да се грижите дали ќе му се допаднете, запрашајте се дали тој е доволно интересен за вас…замислете се дека сте во бутик со многу фустани и влеговте во гардеробата да испробате еден.
Не е важно колку фустанот изгледал убаво на закачалката, туку поважно е како ви стои вам и дали во него се чувствувате убаво и пријатно.
# Киното е секогаш добра идеја…зошто? Ако комуникацијата не ви оди поради тремата, ќе бидат сосема доволни и пријатни “случајните“ допири додека седите еден покрај друг во темница и гледате романтична драма. Оставете хемијата да го направи своето.