ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Како фенираната коса да ви трае подолго

Нема ништо подобро од тоа кога ќе излезете од фризерски салон со свежо фенирана коса. Но тоа свиленкасто и нежно чувство понекогаш трае се додека не излезете надвор. Од продукти за стилизирање и по некој трик, еве неколку начини како да добиете совршено изфенирана коса како од професионалец.

Одолејте на желбата да поминувате со прстите низ вашите локни. Со самиот допир вашите прсти прават вашиот скалп да продуцира масла кои ќе ја направат вашата коса спласната и безживотна.
Заврзете ја вашата коса во свилена марама или спијте на свилена навлака. Ова помага вашата коса да не се наелектризира и да остане свежа и полна со волумен.
Кога се туширате, правете го тоа со млака вода. Пареата го спласнува волуменот поради влажноста која ја содржи. Ставете ја косата во пластична капа.
Шампон за суво миење – Најдобриот пријател кој знае да ве спаси од ненадејното мрсење на корените. Прснете неколку пати во корените и тој ќе ги абсорбира непотребните масла.
Ставете спреј за текстура – Превртете ја косата надолу и напрскајте неколку пати, тоа ќе ви го врати волуменот во косата.
Ако морате да ја исчешлата косата тогаш користете четка со големи и широки запци, оние малечките можат да ви ја заплеткаат и уништат.
Фенирање со ладен воздух – Користете фен кој има копче за ладен воздух, кога ја фенирате во корените користете го ладниот воздух.. Топлината во скалпот знае да го исуши што може да предизвика лачење на масти и набрзо вашата коса да изгледа безживотна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button