ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Како и многу институции, зоолошката градина не ја почитува двојазичноста

Нови ветувања за промена на таблите во зоолошката градина, во кои описите се само на македонски јазик. Директорот на градинката, Ѓорги Галетановски, за Алсат вели дека планира наскоро да ги смени табелите и да ја почитува двојазичноста. Сепак, Галетановски не одговори зошто овие табли не се променети досега.

Таблите се стари, но во електронската апликација се и на албански јазик. На новиот Динопарк таблите се и на албански и македонски јазик. Сега планираме да ставиме нови табли во зоолошката градина каде што описот ќе биде на два јазика, албански и македонски – изјави Ѓорги Галетановски, директор на Зоолошка градина.

Но сите посетители немаат пристап до апликацијата. Анкетираните посетители велат дека би сакале самите да дознаат што е напишано на таблите, особено децата кои сакаат да знаат повеќе за животните.

„Секако, поради децата, затоа што децата имаат мерак. Не ми се допаѓа затоа што скоро и да го нема албанскиот јазик. Само името на животното и ништо друго не е објаснето за овие животни.
– Не можете да разберете?
– Би сакала да бидат на албански, нормално. Затоа што има многу Албанци.
Разбирам малку, но многу малку. Но, младите воопшто не разбираат“.

„Многу убаво, само ми пречи фактот што таблите не се ниту на англиски ниту на албански јазик. Не можеме да го разбираме македонскиот јазик.
– Дали децата ве прашуваат за карактеристиките на животните?
– Да, но не можеме да разбереме“.

„Многу убаво, но нема никаква врска со албанскиот јазик. Децата воопшто не можат да се ориентираат околу животните. Сите табли се само на македонски јазик.
– Дали би сакале да бидат и на албански јазик?
Дефинитивно, особено на албански јазик“.

Повеќето институции доцнат со почитувањето на Законот за употреба на јазиците, кој е на сила повеќе од две години. Почитувањето на двојазичноста е законска обврска.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button