МАКЕДОНИЈА

Калеска-Ванчева: И денес опозицијата продолжува да ја блокира работата на Собранието

Вчера пропаднаа сите напори на опозицијата да го одржи Собранието нефункционално, но деструктивната полкитика на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денеска, рече пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска – Ванчева на денешната прес конференција.

„Деструктивната политика на опозицијата продолжува и денес, откако Тимчо Мукункси во последен момент ја откажа Комисијата за финансирање и буџет, каде што требаше повторно да им се помогне на граѓаните и работниците. Ова докажува колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните“, рече Ванчева.

На прашањето зошто вчера требаше да дојдат двајца болни пратеници во скафандери, кога албанската опозиција објави дека ќе биде присутна за да се направи кворум, Калеска-Ванчева рече дека „од претходното искуство не биле сигурни дека ќе има пратеници што би направиле кворум“ .

По двомесечен ќор-сокак, вчера собранието го одобри 5-тиот економски пакет, за исплата на платите за месеците февруари и март.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button