ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Kамчев излегува од притвор пред Божиќ

Апелациониот суд го укина притворот на бизнисменот Орце Камчев, потврдуваат од судот за Алсат. Камчев дал гаранција од речиси 11 милиони евра во имот и во пари, кои Судот ги прифати во замена за мерки на претпазливост. Сега камчев ќе мора да еднаш неделно да се пријавува во Судот, но нема да може да го напушти градот Скопје.

На Камчев му се суди за случајот „Плацови на Водно“. Претходната недела за истиот судски процес беше ослободен екс директорот на убк Сашо Мијалков кој излезе од притвор со дадена гаранција од нешто повеќе од 11 милиони евра, за кои Алсат објави дека веќе тие пари биле под банкарска хипотека.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button