ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камчев со кривични пријави против судиите што му го одредија притворот

Одбраната на бизнисменот Орце Камчев поднела кривични пријави и претставки за несовесно работење против судијата на претходна постапка и Кривичниот совет, кои пред пет дена одлучија за продолжувањето на мерката притвор. Во писмото испратено до медиумите, адвокатите велат дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека не им била презентирана белешката од АНБ.

Во решението од Кривичниот суд велат дека е посочено оти Камчев во февруари се сретнал со разузнавач од Бугарија и се претпоставува дека ќе има поддршка за бегство. Во писмото пишува и дека ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за Камчев кој својот капитал го стекнал во Македонија и никогаш не бил соработник на странска служба. Камчев поднел кривична пријава и против обвинителката во случајот „Империја“, Лиле Стефанова. Тој беше приведен кон средината на март како осомничен за предметот „Плацеви на Водно“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button