ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камениот мост е претворен во јавен тоалет

Камениот мост е претворен во јавен тоалет

Делот под Камениот мост често се користи од несовесните граѓани како јавен тоалет. Граѓаните кои поминуваат преку Камениот мост велат дека е срамота да се чувствува таква смрдеа во еден од најфреквентните делови на градот.

„Како не е срам. Ова смрдеа ве гуши, катастрофа. Странците кога ќе дојдат овде гледаат се убаво изградено, но воопшто нема хигиена“.

“Насекаде во светот, во големите светски метрополи има јавни тоалети кои секогаш се одржуваат чисти и луѓето имаат совест како да ги одржуваат. Ако сакаме Скопје да биде туристичка дестинација, мора да се прават поредовни контроли“.

“Од каде сте?
– Од Индија. Да, но исто така значи дека можеби треба да има повеќе јавни тоалети“.

“Институциите треба да размислат за ова. Ова не е во ред“.

“Градот треба да има јавни тоалети, за граѓаните да имаат каде да одат за своите потреби“.

Од Град Скопје велат дека нивни екипи денеска излегле на терен каде на овој дел од мостот затекнале лица кои ги санкционирале.

“Град Скопје веднаш постапи по вашите сознанија дека несовесни граѓани прават недолични дејствија. Денеска општинските редари изрекле две санкции согласно Законот за јавна чистота, член 14 „извршување на физиолошки потреби на јавен простор“. Ги повикуваме граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, спомениците на културата, но и да се грижат за чиста животна средина, да го осудат секој чин на недолично однесување поврзано со загадувањето на животната средина, но и со уништувањето на националното културно наследство, што е казниво дело“, велат од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека Камениот мост е објект на национално културно наследство и како таков е во надлежност на Министерството за култура. Во такви околности Градот Скопје нема овластување самостојно да поставува шипки за да го изолира тој дел од мостот или да поставува камери.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button