ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Kаменоломите го оштетуваат квалитетот на јагодите

Одгледувачите на јагоди во село Чифлик се жалат дека околните каменоломи ги загадуваат нивните производи. Тие велат дека ќе бидат принудени повеќе да не ги користат полињата за садење. Според експертите, правот го оштетува овошјето, а ако контаминацијата е со тешки метали тоа влијае на здравјето на потрошувачот.

Одгледувачите на јагоди мислат повеќе да не ги користат овие полиња за садење.
“Многу влијаат каменоломите што се тука, и таму кај што имаме други јагоди многу влијае прашината… И јагодата е загадена, затоа треба малку да бидат внимателни, имаме многу загадување од нив. Прашината ни пречи многу, затоа што кога јагодата расте тоа влијае и пречи многу, јагодата станува бледа, останува бела не созрева како што треба… И пред да се јадат мора да се мијат, затоа што има прашина“, вели еден одгледувач на јагоди.

Нутриционистите објаснуваат дека прашината го спречува нормалниот развој на фотосинтезата во производот, затоа јагодите имаат помалку пигмент, во овој случај тие препорачуваат добро миење со вода и сода бикарбона. Тие велат дека ако контаминацијата е со тешки метали, тогаш тоа може да влијае на здравјето на потрошувачите.

„Најголем проблем би бил кога контаминацијата е со тешки метали. Добро е да се направи анализа од страна на институциите, за да се види дали во овие јагоди има контаминација со тешки метали, канцерогени и радиоактивни радикали кои може да бидат многу штетни за здравјето на потрошувачите“, рече Валбона Кадриу, нутриционистка.

Но, ова не се единствените ниви засадени со јагоди. Чифлик е познат по одгледувањето јагоди, а одгледувачите велат дека поради климатските услови, јагодите оваа година излегоа подоцна, а ако температурата се зголеми одеднаш, тие може да се распаднат.

Од општина Сопиште велат дека не е во нивна надлежност да вршат инспекции и надзор на работата на каменоломите и нивното влијание врз животната средина, тие не упатуваат до Министерството за економија. Од Министерството за економија сè уште немаме добиено одговор.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button