ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Камион повторно пропадна на плоштад

Утрово повторно пропадна камион на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Станува збор за возило на приватна компанија кое како што може да се види и од фотографиите, со предните тркала пропаднало во плочникот во делот каде што се наоѓа партерната фонтана.

Ваквите сличаи се чести за скопскиот централен плоштад. Последниот случај беше пред помалку од три месеци кога камион пропадна во истиот дел од плоштадот, а потоа беше извлечен со помош на возило на „Градски паркинг“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button