СПОРТФУДБАЛ

Кампос, повеќе го посакува Маркус Рашфорд отколку Леао или Осимен

Килијан Мбапе на лето конечно ќе направи трансфер во Реал Мадрид, по бројните неуспешни обиди. Пари Сен Жермен веќе неколку пати се обиде да го задржи, но сега парижаните ќе мора да бараат замена.

Ѕвездите на Серија А, Рафаел Леао и Виктор Осимен се појавуваат како потенцијални кандидати, но ПСЖ гледа и кон Премиер Лигата. Членот на раководството на парискиот клуб, Луис Кампос, повеќе би сакал местото на Мбапе да го пополни фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пишуваат медиумите на Островот.

Рашфорд веќе беше во преговори со ПСЖ пред две години, но потоа остана на „Олд Трафорд“, по што следуваше сезоната од неговиот живот со 30 гола на 56 натпревари.

Претходното лето Рашфорд го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, обврзувајќи се на пет години верност и плата од 300.000 фунти неделно. Сепак, тоа воопшто не го оправда бидејќи оваа сезона на 23 одиграни натпревари постигна само пет гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button