ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кандидатурата на Насер Зибери ги извади на површина незадоволствата во ДУИ

Собранието ја започна расправата за избор на Насер Зибери за народен правобранител. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, вели дека за измамата на неговиот политички субјект дека Зибери ќе биде првиот премиер Албанец, одговор треба да даде вицепремиерот за политички систем Артан Груби. ДУИ ќе го поддржи Зибер како народен правобранител.

„Вистина е дека ние ветивме премиер Албанец и не успеавме да го реализираме тоа на подолг рок, туку само за 100 дена како нов почеток и нова историја во нашата земја. За ова мислам дека треба да го прашате господинот Груби каков е договорот – дали Зибери ќе биде премиер 100 дена, ако не, зошто нема да биде – и кој ќе биде првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, рече Изет Меџити, пратеник на ДУИ.

Опозицијата побара оваа точка да се симне од дневниот ред бидејќи кандидатот за народен правобранител е политичка фигура. Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да гласаат за Зибери.

„Ако се има предвид дека целата постапка за избор на народен правобранител беше нетранспарентна и спротивна на функцијата на народниот правобранител и ако го земеме предвид фактот дека си имаме работа со фигура за која најмалку може да се рече дека не е политичка поради тоа што пред само 6 месеци беше кандидат за премиер на политичка партија, а денеска ни доаѓа како предлог на таа политичка партија во Собранието“, рече Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

На последните парламентарни избори, ДУИ го промовираше Насер Зибери за кандидат за прв премиер Албанец. Интегративците се повикуваа на договорот со СДСМ премиер Албанец да ја предводи владата 100 пред следните парламентарните избори. За време на преговорите за формирање Влада, опозициските Алијанса и Алтернатива ја обвинија ДУИ дека идејата за премиер е измама, но ако успее да ја реализира, тогаш 12-те опозициски пратеници ќе го поддржат изборот на Зибери за премиер.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button