ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Канцеларијата за печалбари во Гостивар работи само шест недели годишно

Отворена веќе три години, канцеларијата за печалбари во Гостивар работи само шест недели годишно, три недели во текот на летото и три недели во текот на зимата. Во моментов не е предвидено продолжување на нејзиното работно време. Канцеларијата им помага на печалбарите да избегнат лутање низ институциите за време на ограничените слободни денови советувајќи ги каде да одат, или за олеснување на нивните административни процедури. Сепак, печалбарите во повеќе наврати бараа канцеларијата да биде отворена во текот на целата година, со цел да можат да ги решаваат своите проблеми по електронски пат, од местата каде што живеат.

Интересот е исклучително голем, вели шефот на оваа канцеларија. Постојат најмалку 40 до 50 барања по сезона, за различни проблеми со кои се соочуваат печалбарите по нивното пристигнување во татковината.

„Ги користиме сите можности што ги имаме ако сме во контакт со раководителите на секторите, или јавните претпријатија, градоначалникот, на кои им ги пренесуваме проблемите што ни ги кажуваат иселениците и правиме се да најдеме решенија за нив. Околу 150 луѓе се упатиле кај мене само овој период и ви реков, обично се проблеми за урбанизам, административна работа и паркинзи”, вели Бари Абдули, раководител на канцеларијата за печалбари во општина Гостивар.

Според Абдули, нивните најчести проблеми се имотно-правни проблеми. Нивното отсуство во текот на годината се искористува, со што се оштетува нивниот имот или се узурпира со дивоградби.

“Тие се соочуваат со проблеми од типот на градби. Кога ќе се вратат, честопати се среќаваат со сосед или некој што има изградено во нивниот двор, и бараат помош во постапката за решавање на овој проблем“, додава Абдули.

Досега немаше иницијатива или најава за отворање на вакви канцеларии во други општини, или во институциите на централната власт.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button