МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ

КОВИД-19; Караџовски: Околу 80% се асимптоматски, 1-4% завршуваат на респиратор

Просечно 80 проценти од случаите позитивни на корона вирус се асимптоматски, опдносно немаат клиничка слика на болеста, рече првиот епидемиолог Жарко Караџовски на заедничката прес конференција со министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа Караџовски, во болница се задржуваат само 2-4 проценти од пациентите, коишто имаат посериозна здравствена состојба.

„12-14 проценти имаат лесна клиничка слика со лесно изразени симптоми, за некого се вика температура, слабост, малаксаност, течење на носот…клиничка слика при која со примена на терапија дома ќе остане пациентот. Просечно 2-4 проценти завршуваат на клиника. Овие најчесто имаат воспаление на белите дробови или друг коморбидитет којшто му ја усложнува клиничката слика. Просечно, 1-4 проценти завршуваат на респиратор“, рече Караџовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button