ВЕСТИСВЕТ

Карантин за 2.000 лица – Омикрон регистриран во училиште во Швајцарија

Швајцарските кантони Женева и Во, ставија во карантин 2.000 лица, претежно деца, откако во меѓународно училиште се откриени два случаја на коронавирус од типот Омикрон.

Градот Женева, центар за меѓународни дипломати и дом на Светската здравствена организација, кој минатата недела го класифицираше Омикрон како варијанта на загриженост САРС-КоВ-2, претходно потврди еден случај на нов вирус кај лице кое се вратило од Јужна Африка и уште еден случај поврзан со истото лице, пренесува Ројтерс.

„По два потврдени случаја на варијантата Омикрон оваа недела во кампусот Шатоне, меѓународното училиште во Женева, медицинските служби Во и Женева заеднички одлучија да ги стават во карантин сите студенти и персоналот на кампусот 10 дена“, се вели во соопштението на женевските власти.

Околу 1.600 лица во карантин во Во и Женева се деца, а покрај учениците, тест треба да направат и родители, браќа и сестри.

Швајцарија идентификуваше неколку случаи на новата варијанта на Ковид во пет кантони и воведе забрана за патување од Јужна Африка и услови за карантин за пристигнувања од 23 земји, вклучително и Јапонија, Британија и Канада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button