ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Карневалот не се одржа, но стотина вевчанци профедилираа со маски низ градот

И покрај големото полициско обезбедување, Вевчанци не се откажаа од 1450 години старата традиција. Карневалот беше откажан, но секогаш итрите вевчанци за хумор, продефилираа низ улиците на селото. Најголемо внимание предизвикаа маските за „Бугарскиот фашистички окупатор“, вакцините на Фајзер и Спутник,легализација на марихуаната, датумот за ЕУ.

„Сакам да му се заблагодарам лично на министерот за внатрешни работи, што ни испрати толку многу полиција во Вевчани. Толку многу чест досега не сме имале. Денес првпат во Вевчани ќе го презентираме анексот во 12 точки. Донесовме доволно бугарски корени и жица“, вели еден маскиран вевчанец.

„Станува збор за органско производство, марихуана. По 300 евра за секој. Од кои две за нив, едното за Заев. Придај господе“, додава маскиран вевчанец.

„Зошто сте такви. Зошто само седете мирно. Радувај се народе, ќе дојде и датумот…“, порачува еден од маскираните во Вевчани.

Градоначалникот на Вевчани вели дека уште пред три недели најавиле дека ги откажале сите активности.

„Но, сами знаете дека Вевчани тешко може некој да го спречи. Поединечни маски ќе излезат и покрај тоа што и Горномаалското и Долномаалското друштво не се јавуват како организатори“, изјави Сашо Јанкоски-градоначалник на Вевчани.

За разлика од минатите години, овој пат поради препораките за заштита од пандемијата недостасуваше и посетеност на гости.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button