СПОРТ

Каролина Вознијацки со вајлд-карта учествува на Австралија Опен

Легендарната данска тенисерка, 33-годишната Каролина Вознијацки доби вајлд-карта од организаторите на Австралија опен за учество на овој турнир.

Покрај неа, покани за настап на првиот Грен слем идната година добија и Кимберли Бирел, Оливија Гадецки, Тејла Престон, Џејмс Дакцорт, Марк Полманс и Адам Волтон, сите од Австралија.

Последен пат Вознијацки беше на терен на 3. септември оваа година, во 4. коло на УС Опен. Тогаш загуби од Коко Гауф од САД и беше елиминирана. Отвореното првенство на Австралија во 2024 година ќе се одржи од 14 до 28 јануари во Мелбурн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button