ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Касами: Али да се информира пред да зборува пред медиумите

Градоначалникот на Тетово Билал Касами му порача на првиот човек на ДУИ да разговара со министрите пред да дава убави изјави за медиумите и да се информира за блокадите што истите овие министри и ги прават во општина Тетово и за парите што не ги издвојуваат за реализација на проекти во интерес на жителите на Тетово. Ахмети вчера рече дека им наредил на сите министри од неговата партија да се однесуваат исто со сите градоначалници на општините, без разлика дали се на власт или опозиција.

„Од моето доаѓање, општина Тетово е блокирана од сите аспекти, почнувајќи од првата недела со отстранувањето на лимитот, и сега со парите на граѓаните не управуваме ние туку извршителите за долг од 24 милиони што ни го оставија претседателот и потпретседателката на ДУИ. Случајот е и со тетовската гимназија каде министерот од ДУИ ги презема ингеренциите од првиот човек на општината и враќа директор кој веќе има тужба во тетовското обвинителство. Исто така, државните агенции кои првпат се предводени од ДУИ не доделуваат средства на општина Тетово за проекти од интерес на граѓаните. Али треба помалку да дава такви изјави за медиумите и повеќе да комуницира со своите министри за да види каква е реалноста и како се распределуваат ресурсите“, рече Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button